Хроника од 37-та седница

Скопје, 15.10.2020 год. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ МОРИС Охрид. Со доставената писмена изјава каде имателот на дозволата известува дека престанал со емитување на телевизиска програма, согласно чл.85 став 1 салинеја 2 од ЗААВМУ дозволата за телевизиско емитување на ТРД Јован Трпески ТВ МОРИС ДООЕЛ Охрид престанува да важи по сила на закон.

Поради тоа што во утврдениот рок за поднесување пријави, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не беше примена ниту една пријава, Советот на Агенцијата донесе Одлука за неуспешен Јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис, наменет за студентската популација, на подрачјето на општина Тетово, на локално ниво, на албански и македонски јазик.

Врз основа на констатации од редовен административен надзор, каде е констатирано прекршување на член 14 од Законот за медиуми, необјавување на податоци кои треба се емитуваат на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис, Советот на Агенцијата изрече мерки јавни опомени за РТД СКАЈ РАДИО Теодор  ДООЕЛ Скопје и ТРД УРБАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Скопје.

Исто така, со редовниот административен надзор кај радиодифузерите РТД СКАЈ РАДИО Теодор  ДООЕЛ Скопје и ТРД ТРД РАДИО ЗОНА М-1 Светлана е констатирано прекршување на член 80 од ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика, поради што Советот на Агенцијата изрече мерки јавна опомени.

Советот на Агенцијата изрече уште една мерка јавна опомена на РТД СКАЈ РАДИО Теодор  ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ, односно необезбедување информации што треба да им се направат достапни на корисниците.

Советот на Агенцијата даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка на паравани од плексиглас за потребите на Агенцијата со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.

Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрување за директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка-услуга: Одржување и сервисирање на службени моторни возила.

 



Accessibility

Accessibility