Хроника од 38-та седница

Скопје, 16.11.2016г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2017 година, Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2017 година и Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година (со Програма на планирани активности и Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги). 

За трите документи е започната јавна расправа, која ќе трае до 15 декември 2016 година.

Усвоена е Информациja за Нацрт-ревизија на Националната програма за усвојување на европското законодавство НПАА 2017, која ги отсликува редовните активности на Агенцијата кои се усогласени со предвидените активности во Годишната програма за работа на Агенцијата и дадено е одобрение за набавка од мала вредност, односно за набавка на воздушен компресор. 



Accessibility

Accessibility