Хроника од 39-та седница

Скопје, 06.11.2020 год. – Врз основа на констатации од редовен административен надзор, каде е констатирано прекршување на член 14 од Законот за медиуми, односно во дел од емитуваните програми не се објавени податоци што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга. За истиот радиодифузер, ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга, Совет на Агенцијата донесе и Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура, бидејќи со предложените промени не се создава недозволена медиумска концентрација.

На денешната седница Совет на Агенцијата донесе и Заклучок со кој се одложи примената на: Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година (Службен весник на РС Македонија бр.152/20), Упатството за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава, и Упатството за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на РС Македонија, сите три објавени во Службен весник на Р.С. Македонија бр. 152/20 од 09.06.2020 година, во рок од 30 дена од донесување на овој Заклучок.



Accessibility

Accessibility