Хроника од 4-та седница

Скопје, 29.01.2016г. – За непочитување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД ТВ М Арнаудов Михајло ДООЕЛ Охрид. Воедно, Советот донесе и две одлуки со кои се дозволува промена на сопственичка структура на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево и ТРД за радиоактивности РАДИО ЗОРА ДООЕЛ Делчево.

На седница, Советот донесе и Нацрт-план за дополнување на Планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за кој ќе биде обезбедена јавна расправа во времетраење од седум дена. За потребите на Агенцијата, Советот даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка на стока од мала вредност.



Accessibility

Accessibility