Хроника од 40-та седница

Скопје, 13.11.2020 год. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Нацрт-годишен план за вршење програмски и Нацрт-план за административен надзор за 2021 година, и Нацрт-програма за работа на Агенцијата за 2021 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план за 2021 година). За сите три нацрта отворена е јавна расправа во времетраење од 30 дена.

Отворена е и јавна расправа која ќе трае заклучно до 16.11.2020 година, за Нацрт-упатството за платеното политичко рекламирање за Предвремените локални избори 2020 усвоено од Совет на Агенцијата на оваа седница.

Врз основа на констатации од контролен програмски надзор, каде е констатирано прекршување на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на членот 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетни лица,  односно неозначување на промотивни најави со соодветен визуелен знак од предупредувачка сигнализација за категоријата програма што се најавува, Советот на Агенцијата донесе предлог за поведување на прекршочна постапка против ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје.



Accessibility

Accessibility