Хроника од 43-та седница

Скопје, 04.12.2020 год. – На денешната седница Совет на Агенцијата донесе Заклучок за измена на Заклучокот бр.02-4104/4 од 06.11.2020г. со кој се одложи примената на подзаконските акти: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година (Службен весник на РС Македонија бр.152/20), Упатство за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава, и Упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на РС Македонија, сите три објавени во Службен весник на Р.С. Македонија бр. 152/20 од 09.06.2020 година, до објавување на Одлуката на Уставен суд на Република Северна Македонија во Службен Весник на Република Северна Македонија.

Советот даде и одобрение директорот на Агенцијата да донесе одлука за набавка на новогодишни честитки за потребите на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility