Хроника од 45-та седница

Скопје, 17.12.2020 год. – На денешната седница Совет на Агенцијата донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис говорно-музичко радио од општ формат во кое застапени видови програми остваруваат најмалку две од трите медиумски функции, на македонски јазик, на локално ниво на подрачјето на општина Струмица.

Советот на Агенцијата ја усвои и Политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост, за која претходно имаше отворено јавна расправа.

Врз основа од констатации од надзор, Советот на Агенцијата изрече 10 мерки јавни опомени на следниве радиодифузери:

  • Телевизија ПЛУС ДОО Куманово за прекршување на чл.50 став 3 од ЗААВМУ и чл.16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетни лица, чл.55 ставови 5, 6 и 7 од ЗААВМУ, чл.51 став 1 од ЗААВМУ, чл.100 став 1 од ЗААВМУ, чл.64 став 1 од ЗААВМУ;
  • Телевизија СПЕКТРА, општина Лабуништа за прекршување на чл.50 став 3 од ЗААВМУ и чл.16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетни лица, чл.51 став 1 од ЗААВМУ, чл.92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ;
  • Телевизија УСКАНА Кичево, за прекршување на чл.92 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ и
  • Телевизија ЗДРАВКИН Велес, за прекршување на чл.98 став 2.

По спроведен контролен административен надзор, каде што е утврдено дека ТВ-КАНАЛ ВИС Струмица и Телевизија ИРИС Штип, и покрај претходно изречените Решенија за мерка-јавна опомена не ја отстраниле повредата, односно продолжиле со вршење повреда на чл.51 став 1 од ЗААВМУ, Советот на Агенцијата заклучи да се покренат прекршочни постапки против овие два радиодифузера.

Со вонреден надзор врз ТВ КОХА Тетово, констатирано е прекршување на чл.61 став 1 од ЗААВМУ, поради што Советот на Агенцијата донесе заклучок писмено да му укаже на радиодифузерот за констатираното прекршување и да го извести Советот за етика во медиумите на Северна Македонија.

Советот на Агенцијата на оваа седница донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД ТВ-АНИСА ДООЕЛ с.Пласница.

Точките кои се однесуваа за одбивање на Барањата за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален мултиплекс на ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип и ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, се одложија за првото продолжение на 45та седница, кое ќе се одржи на 18.12.2020 година во 20.30 часот.



Accessibility

Accessibility