Хроника од 5-та седница

Скопје, 08.02.2016г. – По поднесено барање за отворање на локална радиостаница и изработена Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола, од аспект на исполнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и од аспект на потребите на публиката, Советот на Агенцијата донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на 1 (една) дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко-говорно радио од општ формат, на локално ниво, на подрачјето на општина Гостивар.

На седницата, Советот на Агенцијата донесе и Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на специјализиран програмски сервис со забавна функција, кој ќе се емитува преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс на локално ниво на општините Тетово, Теарце, Јегуновце, Желино и Брвеница.

За ТРД ТВ М Арнаудов Михајло ДООЕЛ Охрид донесен е Заклучок за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување со оглед на тоа што радиодифузерот го плати годишниот надоместок за дозволата во целост, додека за ТРД ТВ ЕМИ ДООЕЛ Радовиш покрената е постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување поради прекршување на чл.13 ставови 3 и 6 од Законот за медиуми.

Советот на Агенцијата донесе Одлука за ребаланс на финансискиот план за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и даде одобрување за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2016 година.

Воедно, Советот даде одобрување и за спроведување на постапка за јавна набавка на стока: Систем за аудио и видео снимање на седници и симултан превод. 



Accessibility

Accessibility