Хроника од 5-та седница

Скопје, 10.02.2015г. – Советот на Агенцијата даде одобрение на директорот на Агенцијата да достави до Владата на Република Македонија барање за согласност за донесување на „План за намена и распределба на капацитетите на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите“.

Советот на Агенцијата го прифати предлогот на директорот за Исправка на Одлуката за замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност, поради настаната техничка грешка која се однесува на ТРД ГАЛАКСИ – 2002 ДООЕЛ Кавадарци.

Агенцијата ја усвои Информацијата за Планот за популаризирање на правото на одговор и исправка, во рамките на подготвувањето поширока програма за промоција на медиумската писменост, каде се предвидени активности насочени кон граѓаните, правните субјекти и давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои се во рамките на надлежностите на регулаторното тело.

Советот на Агенцијата даде одобрение за спроведување на 2 (две) постапки за  јавни набавки за следните предмети: авионски билети и службено моторно возило, и одобрување на одлуката за распишување оглас за засновање работен однос.



Accessibility

Accessibility