Хроника од 5-та седница

Скопје, 09.02.2017г– Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена постапки за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност на ТРД СКОПЈЕ ДОО Скопје, ТРД Радио СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА и ТРД ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје.

Со цел да се започнат постапки за јавна набавка кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2017 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, за спроведување на следниве постапки за јавни набавки на следниве услуги: ревизорски услуги, авионски билети и набавка од мала вредност-финансиско осигурителни услуги за период од еден месец.   

Советот на Агенцијата даде одобрение директорот да донесе Одлука за усвојување на Извештај и Пописни листи од извршен попис на средства, обврски и побарувања на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година. 



Accessibility

Accessibility