Хроника од 6та седница

Скопје, 21.02.2022 година – Врз основа на констатации од контролен програмски надзор Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, за непостапување по претходно Решение за изречена мерка јавна опомена, односно не ја отстранил извршената повреда на член 50 став 3 од ЗАВМУ и членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.

На денешната седница Советот на Агенцијата донесе и Решение за запирање на постапката за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација по службена должност кај ТРД СИТИ Телевизија ДООЕЛ Скопје.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки-услуги: Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување, финансиско-осигурителни услуги, авионски билети и закуп на простор за објавување огласи во дневни весници.

 

 



Accessibility

Accessibility