Четврти јавен состанок за 2016 година

Одржан четвртиот јавен состанок на Агенцијата за 2016 година

Скопје, 30.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вчера го одржа последниот јавен состанок за 2016 година. На почетокот, Директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски ги презентираше активностите што Агенцијата ги реализираше изминатото тромесечје, согласно Годишната програма за работа. Фокусот на Агенцијата во последните три месеци беше посебно насочен кон мониторингот на изборното медиумско претставување. Стручната служба на Агенцијата изготвуваше извештаи за секој период од 10 дена, кои се однесуваа на почитувањето на одредбите од Изборниот законик за правично, избалансирано и непристрасно известување во вкупната програма и на забраната за редовните активности на органите на власт во функција да се известува во функција на изборно медиумско претставување на политички субјект; и извештаи за констатирани прекршувања на Изборниот законик, кои Агенцијата ги подготвуваше веднаш по регистрирање на прекршувањата. За сторените прекршоци, Агенцијата, во рок од 48 часа од доставувањето на Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување покренуваше прекршочни постапки. Покрај мониторингот на изборното медиумско претставување, Агенцијата реализираше и програмски, административни и стручни надзори согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми. За констатираните прекршувања беа изречени мерки.

Изминатиот период, Агенцијата изработи Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво, на подрачјето на општина Кривогаштани и неколку анализи и истражувања: за Структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2015 година; истражување – Телевизијата и лицата со сетилна попреченост-понуди и потреби и анализа на Родот во телевизиските програми во 2016 година (согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите). Резултатите од Анализата на вестите и рекламите во 2016 година, ги презентираше Марина Трајкова, која учествуваше во изработката на оваа анализа. Воедно, таа говореше и за застапеноста на родовите во медиумите и нивното значење.

Во однос на начините на подигнување на свеста за медиумска писменост во Република Македонија и придонесот кон разбирањето на медиумската писменост од страна на сите граѓани, без оглед на возраста, Емилија Петреска-Камењарова, раководителка на одделението за човекови права и медиумска писменост, најпрвин ја презентираше македонската верзија на новиот видео спот од циклусот спотови на меѓународната организација ЕАВИ посветен на медиумската писменост, а потоа и дел од истражувањето за нивото на медиумската писменост кај возрасната популација во Република Македонија. Финалниот извештај од ова истражување ќе биде презентиран на посебен настан на почетокот од следната година.

Во ова тромесечје заврши Истражувањето „Телевизијата и лицата со сетилна попреченост – понуда и потреби“ предвидено со тригодишната Програма за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, донесена во 2015 година. Резултатите од ова истражување ги презентираше Сашо Богдановски, виш соработник во одделението за човекови права и медиумска писменост. За целите на ова истражување беше изготвен Прашалникот за тоа колкава и каква е понудата на телевизиска програма наменета за лицата со сетилна попреченост и истиот беше испратен до сите ТВ сервиси. Исто така, беа спроведени интервјуа со претставниците на организациите кои ги претставуваат луѓето со оштетен вид и слух и со други релевантни организации. Наодите од Прашалникот и интервјуата беа презентирани со преостанатите резултати од истражувањето.

Презентациите од четвртиот јавен состанок се достапни на следниве линкови:

      д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата 

       м-р Сашо Богдановски

       м-р Емилија Петреска-Камењарова

       Марина Трајкова

Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за четвртиот јавен состанок за 2016 година можат да се преземат тука


Агенда за четвртиот јавен состанок на Агенцијата за 2016 година

Пријава за учество на четвртиот јавен состанок на Агенцијата за 2016 година 

 



Accessibility

Accessibility