13.10.2009г. СРД ја повика ТВ А1 да ја почитува медиумската етика во однос на квизот „Момент на вистината“

Доколку ТВ А1 не ја усогласи проблематичната телевизиска содржина со законските одредби, СРД ќе преземе соодветни мерки, пропишани со Законот за радиодифузната дејност.


СКОПЈЕ, 13 октомври 2009 – Советот за радиодифузија на А1 ТВ и’ упати укажување за почитување на медиумската етика во однос на квизот „Момент на вистината“.

Советот за радиодифузија (СРД) на националната Телевизија А1 и’ упати укажување за непочитување на медиумската етика и заштита на човечкото достоинство при продуцирањето на квизот „Момент на вистината“.

Членовите 68 и 70 од Законот за радиодифузната дејност даваат јасна правна основа за дефинирање на програмските стандарди на електронските медиуми, коишто ја вклучуваат и заштитата на достоинството на личностите, кои се прикажуваат на телевизиските екрани.

„Покрај загрозувањето на медиумската етика, анализата на СРД на двете епизоди од овој квиз утврди дека тие се проблематични и од кривичен аспект, како што е јавното признавање на учесниците во квизот на лихварство и сексуални односи со малолетнички. Овие дејанија се казниви според кривичниот законик“ – констатираа членовите на СРД на последната седница.

„Со оглед на времето на емитување ваквите содржини можат штетно да влијаат и врз развојот на малолетната публика.“

Доколку ТВ А1 не ја усогласи проблематичната телевизиска содржина со законските одредби, СРД ќе преземе соодветни мерки, пропишани со Законот за радиодифузната дејност.



Accessibility

Accessibility