27.05.2010г. СРД издаде налог за исклучување на национални телевизии од BoomTV

СКОПЈЕ 27.05.2010 – Поради нерегулирани авторски и сродни права Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница му наложи на операторот на дигитална терестријална мрежа Digiplus Multimedia од програмскиот пакет BoomTV да ги исклучи националните терестријални телевизии: Канал5, Канал5 Плус, Сител, Сител3 и Алсат-М.

Digiplus Multimedia има рок до утре (28 мај) на полноќ да ги исклучи овие канали, поради повлечените согласности за нивно реемитување.

„Советот и понатаму ќе продолжи да ги олеснува преговорите меѓу операторот на дигиталната терестријална мрежа и радиодфузерите за надминување на недоразбирањата. Искрено се надевам дека двете страни ќе ги надминат недоразбирањата во најскоро време, што е од нивен заеднички интерес и пред сè е во интерес на граѓаните, кои ги следат телевизиските содржини преку мрежата на овој оператор.“ – рече претстедателот на СРД, Зоран Стефаноски по завршувањето на денешната седница.

Според член 109 од Законот за радиодифузната дејност оператор на јавна комуникациска мрежа смее да реемитува програмски сервис со претходно уредени авторски и сродни права и регистриран пакет во СРД. СРД има право да поведе прекршочна постапка против секој оператор на јавна комуникациска мрежа, кој нема да се придржува до законските одредби.



Accessibility

Accessibility