26.11.2010г. СРД повика на почитување на законите и овластувањата при инспекцискиот надзор во медиумите

СКОПЈЕ, 26.11.2010 – Членовите на Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница изразија загриженост поради последните случувања во националната телевизија А1. СРД побара информација од институциите кои вршеле инспекција за нивните активности во просториите,

каде што е сместена оваа телевизија, како и од самата телевизија за СРД да може да изгради целосна слика за настанатата ситуација и да заземе релевантен став.

СРД ги повика институциите на системот да овозможат непречено извршување на професионалните задачи на новинарите, да ја гарантираат слободата на информирање и движење на новинарите и да создаваат услови за непречено функционирање на медиумите.

 

СРД исто така ги повика медиумите и нивните сопственици да овозможат непречен пристап на сите надлежни институции до сите информации од нивниот делокруг на работа, потсетувајќи ги медиумите дека се правни субјекти како и сите останати и мораат да ги почитуваат законите во Република Македонија.

Како регулаторно тело за електронски медиуми СРД апелира до политичките партии да не создаваат тензија во медиумите заради придобивање на политички поени.

СРД и понатаму одблизу ќе го следи развојот и разрешувањето на оваа ситуација.



Accessibility

Accessibility