21.10.2011г. Советот ги повика телевизиите да внимаваат при прикажување на сцени со прекумерно насилство

СКОПЈЕ, 21.10.2011 – До Советот за радиодифузија пристигнаа поплаки во врска со начинот на кој се емитуваат снимките кои сведочат за апсењето и смртта на Моамер ел Гадафи во вестите на телевизиските станици. По извршениот мониторинг на вестите на повеќе телевизии,

беше утврдено дека во прилозите на оваа тема не се почитуваат одредбите од член 4 од Правилникот за заштита на малолетната публика од програми што можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и морален развој.

Ве потсетуваме дека прикажувањето описи, сцени и/или глетки што можат штетно да влијаат врз малолетната публика во вестите „мора да се темели врз одговорна уредничка проценка за неопходноста на деталите во таквиот материјал“ и таквите содржини „треба да бидат најавени со предупредувачки коментар од водителот на вестите“.

Очекуваме емитувањето на овие снимки да го усогласите со Законот за радиодифузната дејност и Правилникот за заштита на малолетната публика.



Accessibility

Accessibility