29.11.2011г. СРД го констатираше престанокот на важноста на дозволата на Алб ТВ

СКОПЈЕ, 29.11.2011 – На 19та седница на СРД, одржана на 28 ноември 2011 година СРД го констатираше престанокот на важноста на дозволата за вршење радиодифузна дејност на АЛБ ТВ Дооел Скопје, по претходно барање на овој радиодифузер.

СРД исто така ги усвои и Предлог- Ребалансот на Финансискиот план за 2011 година и Предлогот за менување на Годишниот план за јавни набавки за 2011 година.

Во насока на хармонизирање на законодавството на ЕУ со македонското законодавство како и преземање на мерки за надминување на забелешките од последниот извештај за напредокот на земјата во евроинтеграциите, СРД ја усвои Националната програма НПАА 2012.

Седницата ќе продолжи в четврток (01.12.2011) во 10.30 часот.



Accessibility

Accessibility