03.04.2012г. Претставници од СРД даваат активен придонес на конференцијата „Култура на дебатирање, слобода на изразување и независни медиуми“

ОХРИД, 3 април, 2012 – Претставници од медиумите, од Советот за радиодифузија, како регулаторно тело за електронски медиуми, од професионалните здруженија на новинарите, странски експерти по медиумска регулација денеска во Охрид учествуваат на конференцијата „Култура на дебатирање, слобода на изразување и независни медиуми“, што заеднички ја организираат Делегацијата на Европската унија во Македонија и германската Фондација „Конрад Аденауер“.

Членот од Советот за радиодифузија, м-р Зоран Трајчевски, осврнувајќи се на предизвиците на медиумската регулатива истакна: „И покрај тоа што Законот за радиодифузна дејност не е многу стар, поради динамичната приода на медиумскиот сектор, тој треба да се реформира. Главниот предизвик – што сакам да го споменам овде – е воведувањето на дигиталните телевизиски услуги“.
Новите технологии, коишто се појавуваат на медиумскиот пазар, нудат можност за дополнително унапредување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите: „Несомнено е дека на овој развој на конвергирачките технологии и пазари му е потребна модерна и флексибилна регулациска рамка. Во овој контекст мора да се размислува за реформирање на правилата за концентрацијан по хоризонталната оска, овозможувајќи им на медиумските компании да растат органски преку развој на комплементарни аудио-визуелни медиумски услуги.“ – додаде Трајчевски.
На конференцијата, којшто завршува утре, активен придонес во дискусијата дава и членот на СРД, Замир Мехмети, а учествува и раководителот на Секторот за европска и меѓународна соработка на СРД, м-р Борче Маневски.


Accessibility

Accessibility