18.06.2013г. Франк Ла Ру, специјален известувач на ОН, во посета на Советот за радиодифузија

Скопје,18.06.2013г. Специјалниот известувач на ОН за унапредување и заштита на правото на слобода на мислење и изразување, г-динот Франк Ла Ру, денеска беше во работна посета на Советот за радиодифузија. На средбата присуствуваа г-дин Марсело Даер и г-дин Сти Асбјорнсен од Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН.

Целта на посетата на Република Македонија од страна на г. Ла Ру е да се согледа и процени состојбата со правото на слобода на мислење и изразување во земјава, мерките преземени за негово остварување и надминување на пречките.

На состанокот се разговараше за прашања поврзани за надзорот и економското работење медиумите, заштитата на малолетната публика, остварувањето на правата на различните етнички заедници во медиумите, говорот на омраза, правилата за рекламирање и спонзорство, како и политичкото рекламирање за време на изборите.

Советот за радиодифузија, меѓу другото, води сметка за заштита на слободата на изразување, изјави претседателот на Советот за радиодифузија д-р Зоран Трајчевски, нагласувајќи дека, со оглед на бројот на радиодифузери во Македонија, говорот на омраза не се појавува често во нивните програми.



Accessibility

Accessibility