Одржана јавна седница на тема „Родот и медиумите“

 

Скопје, 11.11.2013г. Советот за радиодифузија одржа јавна седница на тема „Родот и медиумите“. Настанот го отвори претседателот на Советот д-р Зоран Трајчевски,а  присутните ги поздравија и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателката на Собраниската комисија за еднаквост на жените и мажите м-р Лилјана Поповска.

На седницата учествуваа субјекти кои имаат активна улога во промовирањето и унапредувањето на еднаквоста меѓу жените и мажите во македонското општество – креаторите на Националната стратегија за родова еднаквост 2013-2020, претставници од Собранието на РМ, од Делегацијата на  ЕУ во Скопје, од невладини организации и од медиумите.

На седницата беа претставени наодите од истражувањата за третманот на родовите прашања и за начинот на кој жените и мажите се прикажани и претставени во програмите на радиодифузерите , а беше промовиран и посебен дел од веб страницата на Советот за радиодифузија кој се однесува на родот и медиумите, преку кој граѓаните ќе можат да достават претставка до регулаторот, а медиумите ќе имаат пристап до Прирачникот на Советот на Европа „Жените и новинар(к)ите на прво место: Предизвик за медиумските професионалци да остварат демократија во праксата, квалитет во новинарството и да го запрат родовото стереотипизирање“ и до уште неколку препораки и резолуции кои Советот за радиодифузија ги преведе на македонски јазик.



Accessibility

Accessibility