Претставникот од НАТО Лори Вокер во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

 

Скопје, 02.04.2014г.  Надлежниот претставник од службите на НАТО за досието на Република Македонија, г-динот Лори Вокер, на 2 април 2014 година, беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Посетата е во насока на проценка на статусот на имплементација на Акциониот план за членство во рамки на 15-от циклус, како и степенот на реализација на целите и активностите презентирани во Годишната национална програма за членство на Република Македонија во НАТО за 2013-2014г.

 

На состанокот се разговараше за повеќе прашања:  донесувањето на новата медиумска легислатива – Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми и новите надлежности и обврски кои произлегоа за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предлагањето и начинот на избор на членовите на Советот на Агенцијата, состојбата со медиумите и развојот на радиодифузната дејност во Република Македонија, мониторингот на медиумското покривање на изборната кампања, почитувањето на релевантните закони од страна на радиодифузерите и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, почитувањето на професионалните принципи и етички стандарди од страна на медиумите и воспоставувањето на саморегулаторни механизми во новинарската фела.



Accessibility

Accessibility