Сателитскиот канал на МРТ ќе се ремитува во Бугарија

 

Скопје, 04.07.2014г. Денес, во Охрид беше потпишан Договор за реемитување меѓу Македонската радиотелевизија (МРТ) и Бугарската национална телевизија (БНТ).

Потпишувањето на Договорот е уште еден чекор напред во развивањето на меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и во запознавањето одблиску со културната разновидност на двете држави. Тоа ќе биде овозможено на начин што сателитскиот канал на  МРТ ќе се реемитува преку кабелските оператори во Бугарија и обратно, сателитскиот канал на БНТ ќе се реемитува во Република Македонија.

Настанот го поддржаа Македонско-бугарската стопанска комора, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија и Советот за електронски медиуми на Република Бугарија.

 

На присутните им се обратија д-р Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид, неговата екселенција г-дин Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во Македонија, д-р Зоран Трајчевски, в.д. директор на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, доц. Георги Лозанов, претседател на Советот за електронки медиуми, Марјан Цветковски, извршен директор на МРТ и Вера Анкова, генерален директор на БНТ кои изразија задоволство од покренувањето на една ваква иницијатива и продлабочувањето на соработката меѓу двете јавни телевизии и со тоа, продлабочувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Со потпишувањето на договорот меѓу јавните радиодифузни сервиси на двете земји – Македонската радиотелевизија и Бугарската национална телевизија ќе се обезбеди медиумски простор во којшто двете култури ќе можат да се изразат себеси, под сопствени услови, со што меѓусоседскиот дијалог за соработка ќе биде двонасочна размена на гледишта, ставови, мислења за прашања од заеднички интерес. – изјави д-р Зоран Трајчевски, в.д директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Воедно, беа потпишани договори за реемитување и меѓу БНТ и неколку кабелски оператори во Република Македонија, а беше одржана и работна средба меѓу претставниците на МРТ и БНТ на која се дискутираше за можностите за програмска соработка меѓу двете телевизии.



Accessibility

Accessibility