Агенцијата издаде налог за исклучување на програмските сервиси TV OBN и Happy TV

Скопје, 12.12.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изврши програмски надзор во програмските пакети на операторите, при што беше констатирано дека
програмскиот сервис TV OBN е реемитуван спротивно на склучените договори, односно програмската содржина на овој програмски сервис е реемитувана во целост, а не како што е наведено во склучените договори со овој радиодифузер.

Во однос на реемитувањето на програмскиот сервис Happy TV, направен е увид во доставената документација, при што е констатирано дека истата не соодветствува со Правилникот за начинот на доставување на пропратната документација кон дописите и пријавите упатени до архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бр.01-4993/1 од 14.10.2014 година и Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарoт на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година.

Имајќи го во предвид наведеното, Агенцијата им наложи на оние оператори кои ги реемитуваат програмските сервиси TV OBN и Happy TV веднаш да ги исклучат од своите програмски пакети. Агенцијата ќе врши мониторинг во однос на почитување на издадениот налог за исклучување и доколку констатира дека не се постапува по истиот, согласно своите законски надлежности, ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.



Accessibility

Accessibility