Соопштение за медиуми

Скопје 27.02.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во контекст на информирањето на радиодифузерите за актуелните настани во државата, ги потсетува медиумските професионалци дека при исполнувањето на својата функција да ја информираат јавноста, треба да се придржуваат до професионалните новинарски стандарди и принципи, односно до начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Раководејќи се од правото на граѓаните да бидат информирани за сите случувања во државата, редакциите треба на настаните за кои информираат да им обезбедат новинарска обработка со која ќе се исполни начелото за „објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања“. Притоа, доколку се одлучат да пренесат изјави кои во себе содржат навреди, клевети, па дури и елементи на „говор на омраза“ задолжително треба да обезбедат дополнителен фактички контекст за да не придонесуваат за нивно ширење, односно да не станат и самите извор на „говор на омраза“.



Accessibility

Accessibility