Независната комисија за медиуми на Република Косово во посета на Агенцијата

Скопје, 16.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес беше домаќин на работната средба со претставниците на Независната комисија за медиуми на Република Косово. Целта на средбата e проширување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на дигитализација на медиумите.Фокусот на работната посета беше насочен кон споделување на искуствата за процесот на дигитализација на медиумите и негова имплементација во Република Македонија, за кој свое излагање имаше Директорот на Агенција д-р Зоран Трајчевски, кој детално го образложи моделот и процесот на дигитализација во Република Македонија. Притоа потсети дека дегитализацијата е во насока на обезбедување на бесплатен дигитален сигнал од сите домашни телевизии до крајните корисници, односно граѓаните и дека целиот процес треба да биде спроведен согласно Закон.

Претседателот на Независната комисија за медиуми на Република Косово г-дин Аднан Меровци, ги потенцираше надлежностите кои со новиот Закон за дигитализација во Република Косово, им се наметнуваат како обврска, посебно во делот на избор на оператор кој ќе овозможи прием и пренос на програмите преку дигитален терестијален мултиплекс, утврдување на број на фрекфренции, мрежата и инфракструктурата и притоа покажа интерес за прашања поврзани со целосниот процес на дигитализација. На состанокот беа споделени и неколку препораки како процесот на дигитализација да се спроведе во Република Косово.

Двете страни констатираа дека има простор за унапредување и продлабочување на соработката, посебно за заеднички прашања од интерес и во таа насока најавија потпишување на меморандум за соработка.



Accessibility

Accessibility