Соопштение од членови на Привремената комисија за следење на медиумското претставување

Скопје, 02.12.2016г. – На денешната закажана 16-та седница каде што требаше да се разгледуваат писмените извештаи од извршени надзори (мониторинг) врз ТРД Телевизија НОВА Дооел Скопје, ТРД Наша ТВ ДООЕЛ Скопје, ТРД ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар и ТРД Сити Радио ДООЕЛ Скопје по основ платено политичко рекламирање, не се обезбеди потребниот кворум, поради што Комисијата не донесе предлози за постапување. Седницата беше закажана во 10:00 часот и на неа присуствуваше само еден член. На презакажаната седница во 17:00 часот присуствуваа само членовите Љубомир Костовски и Горан Трпеноски, останатите тројца не беа присутни.



Accessibility

Accessibility