Изречени мерки-опомена на МРА 1, МРА 2, ТВ Морис Охрид и ТВ Нова Гевгелија

Скопје, 30.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по спроведените надзори и констатираните прекршувања, на Македонска радиотелевизија Скопје, Македонско радио (МРА 1) и Македонско радио (МРА 2), ТВ Морис ДООЕЛ Охрид и ТВ Нова ДОО Гевгелија, им издаде Решенија за преземање мерка-опомена.
Мерка-опомена на двата програмски сервиси на Македонска радиотелевизија Скопје, Македонско радио (МРА 1) и Македонско радио (МРА 2), им се изрекува поради непочитување на член 14 од Законот за медиуми, односно необјавување на податоците кои се должни да ги објават на соодветното место за секоја содржина од програмскиот сервис, додека на ТВ Морис ДООЕЛ Охрид и ТВ Нова ДОО Гевгелија, за непочитување на членот 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, согласно кој не ги обезбедија информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.
Изречените мерки се објавени на веб страната и се достапни на линковите во прилог:
Македонска радиотелевизија Скопје, Македонско радио (МРА 1) – член 14 од Законот за медиуми
Македонска радиотелевизија Скопје, Македонско радио (МРА 2) – член 14 од Законот за медиуми
ТВ Морис ДООЕЛ Охрид – член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги
ТВ Нова ДОО Гевгелија – член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги



Accessibility

Accessibility