Известување за јавното отворање на пријавa за учество на јавниот конкурс

Скопје, 11.04.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 1-вата седница одржана на ден 05.01.2017 година, донесе Oдлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозволаза радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Кривогаштани, УП1 бр.08-6 од 05.01.2017 година (објавена на 09.01.2017 година во „Службен весник на Република Македонија“, бр.2/17).

Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 09.04.2017 година. Пријавите кои ќе бидат поднесени на овој конкурс, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на пријавите.

Јавното отворање на доставенaта пријава за учество на наведениот јавен конкурс согласно точка 13 од донесената одлука, ќе се одржи на ден 18.04.2017 година, Вторник во 10:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.



Accessibility

Accessibility