Агенцијата изврши контролен надзор врз ТВ ИНТЕЛ

Скопје, 12.05.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз Трговското друштво за радиодифузија ИНТЕЛ ДОО Струмица,со цел да се констатира дали е постапено по Опомената пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка, којашто Агенцијата ја упати по извршен вонреден програмски надзор и констатирано емитување на ТВ програма и покрај одземената дозвола.

Со надзорот беше констатирано дека овој радиодифузер престанал да емитува телевизиска програма, со што го отстранил прекршувањето на член 62 став 2 од ЗААВМУ.

Извештајот може да го преземете на следниот линк.



Accessibility

Accessibility