Студенти во посета на Агенцијата

Скопје, 07.12.2017г. – Неделава, Агенцијата беше домаќин на студенти од Факултетот за Правни студии и новинарство при Државниот универзитет во Тетово и од Факултетот за Правни студии и новинарство и односи со јавноста при Универзитетот Гоце Делчев од Штип.           

На студентите им беа презентирани медиумската  легислатива со осврт на актуелните предлози за измена и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, надлежностите, начинот на функционирање и обврските на Агенцијата во поглед на имплементација на релевантните закони, активностите што регулаторот ги презема во поглед на медиумската писменост, третманот на родовите прашања во медиумите, спроведените анализи и истражувања.

Агенцијата и понатаму останува отворена за соработка со сите универзитети и училишта кои имаат интерес за споделување на знаења и практични искуства во аудиовизуелната област.



Accessibility

Accessibility