Извршен контролен административен надзор врз ТРД БИ-КИ-АЛ

Скопје, 31.08.2018г. – Врз Трговското радиодифузно друштво БИ-КИ-АЛ од Битола, Агенцијата изврши контролен административен надзор за да утврди дали е постапено по претходно изречената мерка-опомена, изречена заради необјавување на податоци за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година.

Со надзорот е констатирано дека радиодифузерот на 29 август 2018 година, до Агенцијата има доставено снимка од објавата на потребните податоци, од која е видно дека во целост е исполнета оваа законска обврска.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

РА БИ-КИ-АЛ – Член 15 став 3 од Законот за медиуми – (30.08.2018)



Accessibility

Accessibility