Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на АВМУ

Скопје, 11.09.2018г. – Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од Н.Е. Амбасадор Јан Петерсен, Шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Скопје за следење на Референдумот и г.Марек Мрачка, аналитичар за медиуми, денеска во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги имаa средба со директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски.

Главна тема на овој состанок беше работата на Агенцијата за време на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември, вклучувајќи ја правната рамка за изборно медиумско претставување како и начинот на кој ќе биде реализиран мониторингот на радиодифузерите од страна на Агенцијата за време на овој период.



Accessibility

Accessibility