Надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Кобра и ТВ М

Скопје, 8 мај 2019 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ М од Охрид, емитувана на 2 и 3 мај 2019 година, утврдено е прекршување на правилата за платено политичко рекламирање. Во текот на четири реални часа емитувана програма на 2 и на 3 мај, ТВ М одвои повеќе од 4 минути за платено политичко рекламирање на кандидатите на политичките партии на власт.

Надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Кобра од Радовиш, во деновите на изборниот молк – 4 и 5 мај 2019 година, покажа дека спротивно на Изборниот законик, во прилог во вести се пренесени изјави од носители на јавни функции во органите во власта.

Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

ТВ М (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик) – 08.05.2019

ТВ Кобра (76-б став 3 од Изборниот законик) – 08.05.2019



Accessibility

Accessibility