Редовен и контролен програмски надзор врз четири оператори

Скопје, 6 јуни 2019 – Врз операторите Сигнал-Нет од Куманово и Винсат Кабел од Виница, извршен е редовен програмски надзор за правилата за титлување и регистрација на програмските сервиси во Агенцијата. При надзорите не беа констатирани прекршувања. 

За да се утврди дали постапиле по мерките јавна опомена, врз операторите Вива Нет од Берово и Неотел од Скопје, извршен е контролен програмски надзор за обврската за регистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат. Операторот Неотел, постапил по опомената, додека операторот Вива Нет, на територијата на општина Берово и општина Пехчево, во својот програмски пакет ги реемитува програмските сервиси RTS Svet и RTS 2, кои не се регистрирани во Агенцијата.

Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

Сигнал-Нет (член 64 став 2, член 141 од ЗААВМУ) – 05.06.2019

Винсат Кабел (член 64 став 2, член 141 од ЗААВМУ) – 05.06.2019

Вива Нет (член 141 од ЗААВМУ) – 05.06.2019

Неотел (член 141 од ЗААВМУ) – 05.06.2019



Accessibility

Accessibility