ПРОВЕРКА НА ИНФОРМАЦИИ НЕ Е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Скопје, 22.07.2019г. –  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го повикува МВР меѓуинституционалната соработка и транспарентноста кон јавноста да не ги етикетира како ширење дезинформации. Агенцијата се обрати до МВР за да ги провери сознанијата дека на лицето Бојан Јовановски му било доделено обезбедување како на сопственик на 1ТВ. Како што и е познато на јавноста, регулаторот има започнато постапка за утврдување дали е прекршена законската одредба која забранува тајно содружништво. За да ја утврди фактичката состојба, Агенцијата се обраќа до релевантни државни органи кои би можеле да  имаат информација од значење за постапката.

Во овој контекст е и изјавата на директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски во емисијата „Код“ којшто јасно посочува дека се чека одговор од МВР за да се утврди вистинитоста на добиените сознанија.

Најефикасниот начин за борба против дезинформации и лажни вести е проверката на факти. Токму затоа, се додека не ја затвори постапката, Агенцијата ќе продолжи да бара информации од надлежните институции. Што се однесува до информацијата побарана од МВР, се надеваме дека таа ќе ни биде доставена со истата брзина со којашто беше изготвен вчерашниот демант.



Accessibility

Accessibility