Редовен аминистративен надзор врз ТВ Канал 21 Велес

image_pdfimage_print

Скопје, 09.08.2019 – За обрските за објава на импресум, информации достапни до корисниците, идентификација на радиодифузер, правилата за заштита на малолетната публика, правилата за спонзорство, нови рекламни техники, игри на среќа и емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, Агенцијата изврши редовен административен надзор врз локалната ТВ Канал 21 од Велес.

Надзорот покажа дека во дел од програмите емитувани на 3 јуни 2019 година, не се објавени податоците за импресум, податоци за седиштето и за контакт со радиодифузерот. Во неколку наврати е емитувано рекламирање што не е јасно одвоено од другите делови од програмата и се емитувани програми без да се аплицира предупредувачка сигнализација за заштита на малолетните лица.

Извештаите од извршениот надзор се достапни на линковите:

ТВ Канал 21 (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 09.08.2019

ТВ Канал 21 (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 09.08.2019

ТВ Канал 21 (член 98 став 1 од ЗААВМУ) – 09.08.2019

ТВ Канал 21 (член 14 од ЗМ) – 09.08.2019



Accessibility

Accessibility