Скопје, 22 август 2019г. – Советот на Агенцијата на 30-та седница одржана на 19 август 2019 година, за прекршување на повеќе законски одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, на Наша ТВ, ТВ 24 Вести, ТВ Тера, ТВ Ера и ТВ Стар им изрече мерки јавна опомена.
Шест мерки јавна опомена се изречени на Наша ТВ, поради прекршување на условите и времетраењето на рекламирање и телешопинг програмите, правилата за означување на спонзорство на програмата, пласирање на производи, правилата за заштита на малолетната публика и за правилата за објава на импресум.
Три мерки јавна опомена се изречени на ТВ Студио Тера, заради неемитување на законскиот минимум од 30% изворно создадена програма, несоодветна употреба на јазикот во програмата и за емитување поп-ап реклами на поделен екран меѓу кои не е поминат пропишаниот период од најмалку 15 минути.
Две мерки јавна опомена се изречени на ТВ 24 Вести поради директно поттикнување купување или изнајмување на стоки и услуги на спонзорите во рамки на една емисија и непочитување на условите за рекламирање и телешопинг.
На ТВ Стар и ТВ Ера мерки јавна опомена и се изречени заради неемитување на законскиот минимум од 30% изворно создадена програма, а на ТВ Ера дополнително и за несоодветна употреба на јазикот во програмата.
Изречените мерки јавна опомена се достапни на линковите:
Наша ТВ – (член 14 од ЗМ) – 21.08.2019
Наша ТВ – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
Наша ТВ – (член 100 став 1 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
Наша ТВ – (член 55 ставови 5 и 7 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
Наша ТВ – (член 54 став 2 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
Наша ТВ – (член 98 став 2 ЗААВМУ) – 21.08.2019
ТВ 24 Вести – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
ТВ 24 Вести – (член 54 став 1 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
ТВ Ера – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
ТВ Ера – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
ТВ Тера – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
ТВ Тера – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
ТВ Тера – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 21.08.2019
ТВ Стар – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 21.08.2019