Изречени мерки јавна опомена на 4 телевизии

image_pdfimage_print

Скопје, 27.08.2019г. – Советот на Агенцијата на 31-та седница одржана на 23 август 2019 година за прекршување на повеќе законски одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми на ТВ Дибра, ТВ Канал 21, ТВ Морис и ТВ Нова им изрече мерки јавна опомена.

Две мерки јавна опомена се изречени на ТВ Дибра поради не обезбедување информации достапни за корисниците и за не емитување 30% изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела.

Четири мерки јавна опомена се изречени на ТВ Канал 21 заради не обезбедување информации достапни за корисниците, не објавување импресум, правила за емитување аудиовизуелни комерцијани комуникации и повеќе програми беа амитувани без да бидат означани со сигнализација за заштита на малолетните лица.

Три мерки јавна опомена се изречени на ТВ Морис поради не објавување импресум, не обезбедување информации достапни за корисниците и за не емитување најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како на македонски аудиовизуелни дела.

Четири мерки јавна опомена се изречени на ТВ Нова заради не обезбедување информации достапни за корисниците, не објавување импресум, емитувани програми со погрешна предупредувачка сигнализација за заштита на малолетните лица и исто така не емитуваше 30% изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела.

Изречените мерки јавна опомена се достапни на линковите:

 ТВ Дибра – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Дибра – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Канал 21 – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Канал 21 – (член 14 од Законот за медиуми) – 26.08.2019

ТВ Канал 21 – (член 98 став 1 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Канал 21 – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Морис – (член 14 од Законот за медиуми) – 26.08.2019

ТВ Морис – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Морис – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Нова – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Нова – (член 14 од Законот за медиуми) – 26.08.2019

ТВ Нова – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 26.08.2019

ТВ Нова – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 26.08.2019



Accessibility

Accessibility