Скопје, 30.08.2019г. – На 32-та седница која се одржа на 29 август 2019 година, Советот на Агенцијата донесе решение за преземање мерка јавна опомена за Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА од Скопје.
Јавната опомена на радиодифузерот му е изречена затоа што и во вториот предвиден рок не ги објави на сопствената програма податоците за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година, и до Агенцијата не достави снимка од објавата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.
Јавната опомена е достапна на линкот:
Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 29.08.2019