Скопје, 3 септември 2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовни програмски и административен надзори врз радијата Метрополис, Канал 77 и Антена 5, за законските обврски за објава на импресум, информации кои треба да се направат достапни до корисниците, идентификација на радиодифузер, правилата за емитување комерцијални комуникации, обврските при обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање и емитување игри на среќа.
Надзорите покажаа дека не се констатирани прекршувања на одредбите на Законот за медиуми и ЗААВМУ.
Извештаите се достапни на линковите:
Ра Метрополис – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 02.09.2019
Ра Метрополис – (членови 53, 54, 98, 99, 100, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 02.09.2019
РА Канал 77 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 02.09.2019
РА Канал 77 – членови 53, 54, 98, 99, 100, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 02.09.2019
РА Антена 5 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 02.09.2019
РА Антена 5 – (членови 53, 54, 98, 99, 100, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 02.09.2019