Вонреден програмски надзор врз 1ТВ

image_pdfimage_print

Скопје, 11 септември 2019 – Агенцијата по службена должност, изврши вонреден програмски надзор врз 1ТВ од Скопје, за да утврди дали телевизијата спроведува најмалку 80% од програмскиот концепт за кој и е издадена дозволата, во текот на една недела.

Со примерокот беше опфатен периодот од 5 до 11 август 2019 година, а надзорот потврди дека телевизијата беше во рамки на форматот утврден во програмскиот концепт кој е составен дел од дозволата за телевизиско емитување.

Извештајот од спроведениот надзор е достапен на линкот:

1ТВ (член 67 став 6 од ЗААВМУ) – 11.09.2019



Accessibility

Accessibility