Скопје, 11 септември 2019 година – Врз националната ТВ Клан Мацедониа од Тетово, Агенцијата изврши редовен програмски надзор за почитувањето на обврските за обезбедување и емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти.
Надзорот покажа дека се исполнети обврските од ЗААВМУ, односно од буџетот наменет за програми во 2018 година, телевизијата издвоила 10% за европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти, кои се произведени во последните пет години, а на својата програма во текот на 2018 година има емитувано 71,20% европски аудиовизуелни дела.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Клан Мацедониа – (член 91 став 1 од ЗААВМУ) – 11.09.2019
ТВ Клан Мацедониа – (член 91 став 2 од ЗААВМУ) – 11.09.2019