Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на АВМУ

image_pdfimage_print

Скопје, 16 септември 2019  – Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од г-ѓа Кориен Јонкер, Шеф на Мисијата за набљудување на избори во Република Северна Македонија, денеска оствари работна средба со претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по повод наодите од Конечниот извештај на Набљудувачката мисија за претседателските избори одржани на 21 април и 5 мај 2019 година.

На средбата се разговараше за законските измени во поглед на начинот на финансирање на Агенцијата и Македонската радиотелевизија и нивното влијание врз независноста, функционирањето и планирањето на активностите на регулаторот и јавниот радиодифузен сервис; за последните измени на Изборниот законик, со акцент на издвојувањето средства од Буџетот за финансирање на платеното политичко рекламирање за време на избори и за потребата од измени на Изборниот законик, пред се имајќи ја предвид неусогласеноста меѓу одделни законски одредби.

Конечниот извештај на Набљудувачката мисија за претседателските избори е достапен на веб страницата на Агенцијата, на следниов линк:

Конечен извештај на Набљудувачката мисија за претседателските избори одржани на 21 април и 5 мај 2019 година. 

 



Accessibility

Accessibility