Вонреден програмски надзор врз радијата Метрополис и Канал 77

image_pdfimage_print

Скопје, 17 септември 2019 – Агенцијата по службена должност, изврши вонреден програмски надзор врз радијата Метрополис и Канал 77, за да утврди дали најмалку 25% од вкупно емитуваната музика во период од 06:00 часот до 00:00 часот е музика на македонски јазик.

Надзорот на емитуваната програма на Канал 77 на 5 август 2019 година покажа дека не е исполнета оваа обврска од ЗААВМУ и Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.
Радиото Метрополис со емитувани 27.56% музика на македонски јазик, ја исполни доброволно преземената обврска за емитување домашна музика.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Радио Метрополис – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, точки 4 и 5 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика) – 17.09.2019

Радио Канал 77– (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, точки 4 и 5 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика) – 17.09.2019



Accessibility

Accessibility