Скопје, 24 септември 2019
Присутните имаа можност да ги проследат и наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година во која е опфатено економското работење на јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии и радија, како и податоците од мерењата на телевизиската и радиската публика. Анализата, која ја изработи Агенцијата, покажа дека приходите во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија, од година во година се во опаѓање. Според податоците, приходите што заедно ги оствариле радиодифузерите во 2018 година изнесувале 2.451,65 милиони денари, што во споредба со 2017 година, бележат пад од 6,03% и воедно се најниски приходи во последните пет години.
На состанокот беа промовирани новите инфографици за медиумска писменост – Зад насловите и Зад „лажните вести“, кои во оригинален формат на англиски јазик ги подготви Меѓународната организација ЕАВИ. Во едниот инфографик се прикажани насоки за препознавање на различните видови заведувачки вести, како што се вести кои се мамка за кликнување, спонзорирана содржина, пропаганда, дезинформации, измислици и слично. Во вториот инфографик е прикажана игра со едукативна содржина наменета за проверка на вестите на интернет – валидност на датумот на објава на содржината, дали се идентификувани авторите или се користат псевдоними и слично. Со цел да станат достапни до што поголем број граѓани, Агенцијата ги отпечати на македонски и албански јазик.
Презентациите од третиот јавен состанок може да се преземат на следниве линкови:
д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата
Инфографици за медиумска писменост
М-р Сашо Богдановски, Сектор за програмски работи
Сања Г.Здравковска, Сектор за стратешко планирање и авторски права