Мерка јавна опомена за радио Канал 77

image_pdfimage_print

Скопје, 2 октомври 2019г. На вчерашната 37-та седница за 2019 година, Советот на Агенцијата донесе Решение за изрекување мерка јавна опомена на радио Канал 77 од Штип, поради тоа што во рамки на својот програмски сервис, на 5 август 2019 година во периодот од 06:00 до 00:00 часот, не емитуваше најмалку 25% музика на македонски јазик, односно емитуваше 10.79% од вкупно емитуваната музика во анализираното деноноќие.

Изречената мерка може да се погледне на следниот линк:

 Радио Канал 77 – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 02.10.2019



Accessibility

Accessibility