Вонреден програмски надзор врз три радија

image_pdfimage_print

Скопје, 10 октомври 2019 – Агенцијата по службена должност, изврши вонреден програмски надзор врз радијата УРБАН ФМ, ЕФ-ЕМ 90.03 СПОРТСКО РАДИО и КАПИТОЛ ФМ за да утврди дали најмалку 30% од вкупно емитуваната музика во период од 06:00 часот до 00:00 часот е музика на македонски јазик.

Надзорот на емитуваната програма на ЕФ-ЕМ 90.03 СПОРТСКО РАДИО на 25 септември 2019 година и програмата на КАПИТОЛ ФМ на 6 септември 2019 година покажа дека не е исполнета оваа обврска од ЗААВМУ и Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика.

Радио УРБАН ФМ со емитувани 21.61% музика на македонски јазик, ја исполни доброволно преземената обврска за емитување домашна музика.

Извештаите се достапни на следните линкови:

УРБАН ФМ  – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, точки 4 и 5 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика) – 10.10.2019

ЕФ-ЕМ 90.03 СПОРТСКО РАДИО – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, точки 4 и 5 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика) – 10.10.2019

КАПИТОЛ ФМ – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, точки 4 и 5 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика) – 10.10.2019



Accessibility

Accessibility