1

Редовен административен надзор врз 10 издавачи на печатени медиуми

Скопје, 15.10.2019г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 10 издавачи на печатени медиуми, со цел да констатира дали истите објавиле импресум, податоци за седиште, печатница, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, обврска од Законот за медиуми.

Со надзорот е констатирано дека печатените медиуми опфатени со надзорот ја исполниле оваа обврска.

Извештајот е достапен на линкот:

Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 15.10.2019