АВМУ НЕМА ОДОБРЕНО ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТ НА 1ТВ

image_pdfimage_print

Скопје, 16.10.2019 – Во врска со написите во медиумите дека телевизија 1ТВ има нов сопственик, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста за следново:

Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, радиодифузер, вклучувајќи ја и 1ТВ, не смее да направи промена на сопственичка структура пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата. Воедно, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена.

Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена  промена на сопственичката структура на 1 ТВ.

Изминатиот период, имајќи ги предвид последните случувања поврзани со 1ТВ, Агенцијата започна низа активности за утврдување дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот и во дозволата за телевизиско емитување. Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија.



Accessibility

Accessibility