Мерка јавна опомена за радио Зона М-1 и Хит радио

image_pdfimage_print

Скопје, 18 октомври 2019г. – На вчерашната 39-та седница за 2019 година, Советот на Агенцијата донесе Решенија за изрекување мерки јавна опомена за Радио ХИТ ФМ Скопје и Радио Зона М-1.

Јавни опомени на Радио Зона М-1 се изречени поради тоа што во рамки на програмскиот сервис, емитуван на 4-ти септември 2019 година не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни до корисниците, додека на 6 септември 2019, во периодот од 06.00 до 00.00 часот не емитуваше најмалку 35% музика на македонски јазик.

Мерки јавна опомена на Радио Хит се изречени заради тоа што на својот програмски сервис емитуван на 6-ти септември 2019 година, во дел од емитуваните програми не ги објави податоците што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја соодржина од програмскиот сервис и не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни до корисниците.

Изречените мерки јавна опомена може да се преземат на следните линкови:

Радио Зона М-1 – (член 80 стаови 7,8 и 9 од ЗААВМУ) – 18.10.2019

Радио Зона М-1 – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 18.10.2019

Радио Хит – (член 14 од ЗМ) – 18.10.2019

Радио Хит – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 18.10.2019



Accessibility

Accessibility